КАРАКТЕРИСТИТКИ

Функционална платформа за Вашите специфични побарувања и потреби

INSHOP интернет продавниците имаат две компоненти, админисртатор и корисник и содржат голем број на модули кои се направени со цел да Ви го олеснат менаџирањето на продавницата и интеракцијата со купувачите. Во администраторскиот панел пристапуваат само овластени лица и служи за администрација, сетирање, управување, добивање извештаи, контрола на целокупната продавница и податоците.

Мултијазична поддршка

Секоја компанија која сака да има успешна продажба и на меѓународен пазар мора да биде поврзана со купувачите. Можноста избор на јазик при користење на интернет продавницата има многу важна улога при пренесувањето на информациите како и за успешна комуникација со различни заедници и култури, подобро разбирање на Вашите производи и услуги, а се со цел зголемување и проширување на продажбата.

Кошничка

Основата на секоја интернет продавница е кошничката преку која се прават нарачките. Дозволете им на купувачите на брз и лесен начин да ги изберат и порачаат Вашите производи во било кое време. По купувањето, производот се додава во кошничката со соодветно известување. Шопинг кошничката содржи информации за вкупната цена и бројот на нарачани производи. Со кликање на кошничката се добиваат дополнителни информации за нарачаните производи и линк за комплетирање на нарачката.

Начини на плаќање и валути

Модулот за начин на наплата Ви овозможува плаќање со кредитна/дебитна картичка, плаќање преку фактура/трансакциона сметка, модул за плаќање со PayPal, Mooneybookers, модул за плаќање при или по испорака и опција за бесплатни услуги или производи. За користење на истите потребно е да поседувате или отворите сметки согласно нивните политики, додека плаќањето може да биде во различни валути – евра, долари, фунти, денари...

Модули за оданочување (ДДВ)

Во зависност од земјата на купувачите, ЕУ модел или користење фиксен ДДВ модел од 18% за е-продавници во Македонија.

Корисничко мени или навигација низ продавницата

Интернет продавниците се интегрирани со два модула за менија и тоа главно мени од каде купувачите ќе можат брзо и лесно да се насочат кон она за што и се заинтересирани и футер мени кое се наоѓа во подножјето на интернет продавницата, каде што можете да наведете информации за контакт, да ја поврзете вашата интернет продавница со социјалните мрежи и овозможите дополнителни корисни линкови од интернет продавницата.

Категории и подкатегории

Брзиот начин на живеење ги спречува купувачите да го трошат нивното време за барање на посакуваниот производ. Денес купувачите немаат многу време да пребаруваат во Вашата продавница. Овој модул ќе ви овозможи да ги подредите производите во главни категории и подкатегории до трето ниво, со што купувачите ќе можат брзо и лесно да ги пронајдат производите за кои се заинтересирани.

Производи

Модулот за управување со производи Ви овозможува на брз и едноставен начин да додадете нови производи во Вашата продавница. Опцијата за додавање на детален опис за производот ќе Ви помогне да ги запознаете купувачите со карактеристиките на Вашите производи, а опцијата да додадете повеќе слики е да го привлечете нивното внимание и интерес да го купат производот. Доделување на атрибути на производите – димензии, тежина, боја или атрибути по желба со различни цени.

Прикажување на производи со банери (image slider)

Модулот за банери е карактеристичен по тоа што овозможува поставување на банери (слики), всушност го претставува излогот кај физичките продавници. Банерот привлекува внимание, го зголемува интересот за производите и желбата за купување. Бројот и изгледот на банерот може да го прилагодите според вашите желби и потреби.Преку банерот може да објавувате нови производи, попусти, промоции, наградни игри итн. Банерот може да претставува конкретен производ од Вашата понуда или слика со линк кој води то конкретниот производ.

Модул за прикажување на најнови производи, производи на попуст и најпродавани производи

Модулот за банери е карактеристичен по тоа што овозможува поставување на банери (слики), всушност го претставува излогот кај физичките продавници. Банерот привлекува внимание, го зголемува интересот за производите и желбата за купување. Бројот и изгледот на банерот може да го прилагодите според вашите желби и потреби.Преку банерот може да објавувате нови производи, попусти, промоции, наградни игри итн. Банерот може да претставува конкретен производ од Вашата понуда или слика со линк кој води то конкретниот производ.

Акции, вредносни ваучери, наградни поени и купони за промоција

Понудувањето на попусти во продажбата може да биде маркетингшка стратегија која ќе има витално значење за Вашата интернет продавница. Попустите можат да бидат генерирани по датум, различно за било кој производ или акција. Унапредете ја продажбата преку попусти, промоции, купони за попуст, ваучери и наградни поени. Купувачите можат да нарачаат вредносен ваучер со посветена порака за член од фамилија, роднина, пријател, сакана личност, колега или слично.. со најразличен повод (роденден, диплома, честитка, годишница, поздрав, љубов, успех...)

Варијација и филтри по атрибути

Модулот овозможува додавање на повеќе различни варијации на еден производ. На пример иста блуза со различни бои и големини, различна цена за секоја форма на производот како и зачувување на количината при секоја измена. Филтрирање по листање по брендови, категории, подкатегории, производи на попуст, по растечки или опаѓачки цени.

Дополнителни содржини

Со помош на дополнителните страни можете да ги запознаете корисниците со Вашиот бизнис и Вашиот бренд. Секој купувач кога купува производ сака да ја знае добро продавницата од која купува, условите на купување, начини на достава, услови за враќање на производ, заштита на податоците, искуства на други купувачи итн.

Е-маил известувања и модул за Newsletter

Автоматизирани Е-маил известувања при регистрација на нов корисник, за извршена нарачка до купувачот и продавачот, изврешна уплата, рекламации, тикет поддршка, преглед на корисници пријавени за Newsletter и припрема и испраќање на известувања или други содржини преку е-маил до пријавените за Newsletter итн.

SEO оптимизација и SEO линкови

Ажурирање на Meta tag и Meta description на секоја страна и за секој производ со што се подобрува SEO (search engine optimization) котирањето на интернет пребарувачите. Oптимизирање на кодот и линковите за лесно и напредно регистрирање на Вашата интернет продавница од страна на Google, Yahoo, Bing и други интернет пребарувачи, како и добивање на подобри оценки.

Модули за достава на пратка

Модулот за испорака го конфугурира начинот на достава на пратката и истиот може да е по фиксна цена на испорака по региони и зони, по испорака по тежина на производ, цена на испорака по производ (по парче), без вкалкулирање на трошоците за испорака со превземање на производот од физичката продавница или нагласена локација како и конфигарција за бесплатна испорака.

Модули за социјални мрежи

Потенцијалните купувачи не можат да го купат Вашиот производ доколку не знаат за Вас и Вашите производи. Со користењето на копчињата за споделување на Вашата страна се зголемува веројатноста за пренесување на Вашата содржина пред нова и поширока публика. Едноставно кога некој корисник ќе сподели некој Ваш производ или услуга на својата социјална мрежа овозможува тоа да го видат и другите корисници од истата социјална мрежа.

Партнерска програма

Affiliate систем. Сетирање на систем за надворешна продажба и промоција на производите/услугите со исплата на одредена провизија по остварена продажба.

Алатки за Backup (архивирање)

Алатки за Backup (архивирање) и враќање на бекапираните податоци на ниво на сопствената продавница со што се обезбедува дополнителна заштита на продавницата.

НАРАЧАЈ ВЕДНАШ

Размислувате за интернет продажба?

 Кога вашиот бизнис ќе биде спремен за новиот вид на трговија, за Вас постои само едно решение.
НАРАЧАЈ ВЕДНАШ

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • Правни информации
  • Политика за прифатливо користење
  • Хостинг услови за користење
  • Договор за хостинг пакет
  • Договор за Е-продавници
  • Корисни линкови

СТАТИСТИКА СО INSHOP

ЗГОЛЕМЕН ПРОФИТ ЗА :

95%
НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ ЗА :
65%

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

  • Бул.Видое Смилевски Бато 77/3/13, Скопје
  • +389.2.244.660.7 | +389.2.244.660.9
  • +389.71.244.660 | +389.78.244.660
  • contact@inshop.mk
  • contact@processin.mk
  • Каде се наоѓаме?