БЛОГ

Најнови новости од Е-Трговијата во Македонија и светот

Електронската трговија е купување и продавање на производи и услуги преку Интернет, но нејзиното значење најчесто опфаќа многу повеќе аспекти на комерцијалното работење, вклучувајќи ги и услугите на потрошувачите, како и соработката меѓу деловните партнери. Ако отворите интернет продавница вие ќе имате предност во однос на останатите трговци.

INSHOP е иновативна, моќна, едноставна за користење и економски достапна “cloud” платформа за интернет продавници (екомерц, web shop) за продажба на производи и услуги преку интернет. Мисијата на INSHOP е да понуди што е можно поедноставна, ефтина  и практична интернет продавница за секоја фирма. INSHOP е флексибилна и лесно надградлива платформа со понуда на голем сет од функционалности и дизајни што овозможува секоја компанија дури и од поголем обeм со леснотија да активира и управува со своја интернет продавница – “клуч на рака”.

Голем број бизниси пронаоѓаат финансиска слобода и независност со креирањето на интернет продавница. Во голем број случаи интернет продавницата е проширување на започнатиот бизнис или физичката продавница. Други ја гледаат можноста за започнување на бизнис со мали вложувања и се одлучуваат токму тоа да го реализираат со интернет продавница. Но веќе сте ја активирале онлине продажбата и не забележувате значително зголемување на приходите. Првата повратна врска (fеedback) ви покажува дека интернет продавницата сама по себе не може да ја зголеми продажбата, вие мора да се ангажирате исто толку во нејзината работа и промоција колку што се ангажирате за вашиот тековен бизнис. Интернет продавницата не е хоби. Не е средство за слободно време. Не е средство за зголемување на бизнис статусот. Доколку ја водите интернет продавницата на начин како што го водите вашиот бизнис, нема причина за неуспех. Многу луѓе не успеваат во онлине продажбата бидејќи по креирањето на интернет продавницата комплетно ги запоставуваат основните бизнис постулати.

Унапредувањето на продажбата започнува со вашата понуда. Најчесто користен метод за зголемување на продажбата е доделување на попусти на вашите производи, и истиот комбиниран во соодветен маркетинг микс може значително да ја зголеми и унапреди вашата продажба. Начините на маркетинг промоција помеѓу физичката и онлине продавница се многу слични. Атрактивните изложени производи во некоја продавница ве привлекуваат да ја посетете истата. Или производите поставени до касите во супермаркетите – ви сугериират да купите уште понекој производ. Слична е филозофијата и на онлине продажбата. Атрактивните производи ги истакнувате на насловната страна на продавницата. Исто така можете да понудите сугестивни производи при финализирање на продажбата. Значи, во основа принципите на физичката и онлине продавница се исти, само што со онлине продавницата постојат дополнителни можности за остварување на вашите цели.

Почитувани читатели, претприемачи и сопственици на фирми, во следните неколку редови, накратко колку што ми дозволува просторот ќе се обидам да ви појаснам зошто ви е потребна интернет продавница и кои се бенефициите од поседување на истата.

INSHOP е платформа за брзо и лесно поставување на Ваша сопствена интернет продавница која е стабилна и обемна со функции кои се многу важни за подобрување на вашата интернет продажба. Како една од поважните функции ви ја посочуваме функцијата за партнери, препродавачи и промотери (комерцијалисти) на производи (во светот познати како афилијатори (affiliate) ). Оваа функција, како единствена  понуда, ви дава можност да приклучите или да се приклучат колку сакате препродавачи кои ги промовираат и продаваат вашите производи преку интернет на различни нивни канали за продажба (нивен сајт, блог, најразлични банери, линкови и слично). Со affiliate фукционалноста можете исто така да поставите и провизија на продажба која ја зема препродавачот при секоја успешна продажба.

Веб Продавницa (интернет продавници, виртуелна продавница, е-продавница, е-комерц, web shop, e-commerce) e веб апликација или веб сервис кој Ви овозможува продавање на Вашите производи, услуги или сервиси преку интернет со користење на платежни картички и други сервиси за интернет плаќања. Web Shop (интернет продавница) има неколку предности во однос на традиционалниот начин на продажба и неограничени можности за презентација на производите преку рекламни банери, користење на социјални мрежи и други начини за интернет маркетинг. Неколку предности:

Пред да почнам да обајаснувам за предностите на една интернет продавница, да се потсетиме како беше во блиското минато. Знаеме дека ниеден бизнис не може да преживее ако не се приспособува на промените со текот на времето. Живееме во ера на технолошки револуции, а интернетот го промени начинот на кој ги живееме нашите животи. Сите информации на светот може да се најде на интернет; до само пред две децении, луѓето користеа весници, списанија, книги и ги посетуваа библиотеките за да ги најдат информациите што им се потребни.

Социјалните медиуми претставуваат едно динамично и збунувачко бојно поле, каде постојано се настојува да се привлече вниманието на купувачите, како и тие да се задржат. Дури и откако ќе поминат овие фази, тешко е да се остане ангажиран и да се одговара на пораки откако бизнисот ќе порасне и бројот на купувачи ќе се зголеми.

Електронската трговија на запад веќе одамна е интегриран дел од живеењето на луѓето. Во Македонија, полека но сигурно, со постојан раст се зголемува купувањето преку интернет. Причината е јасна. Интернетот е одамна наше секојдневие и замислете како би изгледал светот доколку не постои.  Околку 3 милијарди интернет корисници ќе има светот до половината на наредната година и тоа е причината поради која секој бизнисмен или трговец бара онлајн решение за неговиот бизнис.

Страница 1 од 2

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • Правни информации
  • Политика за прифатливо користење
  • Хостинг услови за користење
  • Договор за хостинг пакет
  • Договор за Е-продавници
  • Корисни линкови

СТАТИСТИКА СО INSHOP

ЗГОЛЕМЕН ПРОФИТ ЗА :

95%
НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ ЗА :
65%

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

  • Бул.Видое Смилевски Бато 77/3/13, Скопје
  • +389.2.244.660.7 | +389.2.244.660.9
  • +389.71.244.660 | +389.78.244.660
  • contact@inshop.mk
  • contact@processin.mk
  • Каде се наоѓаме?