ЧПП

Често поставувани прашања и одговори

  • Што е опфатено со Вашето решение за интернет продавници? +

    Нашето решение опфаќа готова интернет продавница за продажба преку интернет со дизајн врз основа на пакетите и демо презентациите како и по нарачка, флексибилен продукт каталог, 0% провизија, 100% заштита при трансакција, и интегрирано плаќање директно на ваша банкарска сметка*. Домен, хостинг, е-пошти, упатство и техничка помош за тие што ја ажурираат продавницата и сите додатни услуги кои се потребни за развој на интернет продавницата.
  • Како се оформува цената за интернет продавница? +

    Цената на основниот пакет е 990 денари и во него се вклучени следните модули: Производ, Категорија, Мени, Медиа и Контакт. По потреба можете да закупите од понудените дополнителни модули. Во тој случај цената за веб продавница би била цената на основниот пакет + цените на избраните модули.
  • Колку се вкупните трошоци за сетирање и отворање на интернет продавница или веб продавница? +

    Сетирањето и отворањето на интернет продавница за вашата компанија/фирма е потполно бесплатно и плаќате само месечна претплата соодветно на времетраење на договорот (24, 12 или 3 месеци) или се одлучувате за еднократно плаќање. Внесувањето на производите не спаѓа под сетирање на продавницата и истото го правите вие.
  • Како функционира продажбата преку интернет? +

    Продажбата преку интернет функционира на следниов начин: 1. Купувачите преку веб продавницата ви ги праќаат своите податоци и производите кои сакаат да ги купат. 2. Во посебна секција на сајтот наменета за продавачи/трговци добивате преглед на актуелните нарачки. 3. Нарачките пристигнуваат и на емаил на продавачот. 4. Купувачите на производи можат да ја платат нарачката со кредитна/дебитна картичка веднаш преку веб продавницата или да добијат фактура на емаил која ја плаќаат вирмански или преку трансакциона сметка во банка. 5. Доколку производот е во дигитална форма (музика, книга, видео, софтвер) купувачите по плаќањето можат да го спуштат (download) купениот производ. 6. Доколку за производот е потребна испорака, по плаќањето сопственикот на продавницата преку користење на поштенски или други сервиси за испорака или самостојно го испорачува производот.
  • Што нуди модулот кошничка, дали тој начин се однесува на плаќањето на клиентот со кредитна картичка и дали е вклучена интеграција во наши локални банки? +

    Модулот кошничка е основата на електронската продавница. Листата со функционалности започнува од додавање на производите во кошничка, до дефинирање и избирање на начини на плаќање, достава и менаџирање со нарачките. Модулот кошничка ги има имплементирано casys и nestpay системите и во себе има вклучено интеграција со кредитна/дебитна картичка. Моментално поддржани се visa, electron, visa electron, maestro. Покрај плаќање со картичка, модулот кошничка поддржува и плаќање на фактура или дефинирање на Ваш сопствен начин на плаќање пр. плаќање на лице место.
  • Како може да ги активирам или деактивирам модулите? +

    Модулите можете да ги деактивирате преку административниот панел на Вашата интерет продавница. Потребно е да се најавите во административниот панел и од главното мени, кое се наоѓа на левата страна да изберете Подесувања -> Подесувања за модулите. Потоа се што треба да направите е да означите кој модул ќе биде активен.
  • Имам многу производи. Дали ажурирањето на цените и на производите може да се автоматизира? +

    Постојат 2 начини на автоматизација на ажурирањето. Целосна автоматизација - Поврзување на интернет продавницата со вашиот POS или ERP систем. Делумна автоматизација - Мануелно импортирање на ценовник во excel (.CSV) формат во соодветна однапред пропишана форма. И двата начина не спаѓаат во цената на интернет продавницата и се наплаќаат дополнително по барање на трговецот.
  • Како е решено плаќањето? +

    Плаќањето е решено на 3 начини, преку кредитна/дебитна картичка поврзана со ваша сметка во банка*, преку фактура, плаќање по испорака. Постои можност и за нарачка на производ без плаќање (бесплатно). Во однос на плаќањето преку кредитна картичка купувачит веднаш врши уплата на ваша сметка дирекно преку интернет продавницата. Во однос на плаќањето преку фактура, купувачот по нарачката ја добива фактурата по емаил, потоа треба да уплати пари на ваша сметка, и откога уплатата "ќе легне" на ваша сметка, вие му ги праќате производите кои ги нарачал. Кај плаќањето при испорака купувачот ги плаќа производите при испораката (преку курир или при превземање), а курирот потоа тие пари ги уплаќа на вашата сметка. При тоа мора да внимавате купувачот да Ви даде вистински податоци за испорака и да ви ја потврди нарачката.Препорачливи се начините преку фактура или кредитна/дебитна картичка.
  • Дали доколку при креирање на продавницата не изберам дополнителни модули ќе можам да ги купам во иднина? +

    Да. Модулите се достапни и можете да ги купите во секој момент. Нудиме попуст од 10% на цените за модулите кои се купени при креирањето на продавницата.
  • Како е решена испораката на производи? +

    Испораката на производ ја организирате вие како фирма/трговец, исто како и за секоја нарачка на фактура или профактура (плаќање однапред). Можете да користите и некои од услугите на поштенските и курирските служби за испорака, кои постојат во нашата земја или вашиот град. Сопственикот на продавницата - трговецот (администраторот) - однапред ги дефинира начините на испорака и нивните цени, а крајниот корисник (купувачот) ги избира при пополнување на формуларот за нарачка. Во зависност од типот на производите и локацијата, може да се комбинираат наведените начини на испорака погоре.
  • Дали постои можност за автоматско ажурирање на состојбата во магацин? +

    Да, од интернет продавницата може да ја експортирате последната состојба во excel датотека (.CSV) во однапред пропишана соодветна форма и да ја импортирате во вашиот софтвер за водење на магацин. Оваа опција не спаѓа во цената интернет продавницата и се наплаќа дополнително по барање на трговецот.
  • Што е се потребно за да се отвори интернет или веб продавница? +

    Потребни Ви се само производи/услуги или сервиси кои ги продавате или нудите, компјутер поврзан на интернет и банкарска сметка* каде сакате да Ви пристигнуваат парите. Се друго обезбедуваме ние во најбрз можен рок.
  • Колку време е потребно за отварање на интернет продавница? +

    Просецот за отварање на интернет продавница е едноставен, во неколку чекори и се завршува за 7 работни дена. Се што треба да направите е да не контактирате, а другото оставете го на нас.
  • За кого е наменето ова решение? +

    Ова решение за интернет продавници е наменето за сите продавачи, трговци, агенции што нудат аранжмани, стопанственици, производители и слично, кои имаат визија за ширење на своето работење и продажба преку интернет без разлика на големината на фирмата и видот на производот/услугата или сервисот кој го нудат. Нема никави посебни барања. За користење на нашиот систем не се потребни вработени со технички предзнаења, интернет продавницата може да ја води секој канцелариски работник со минимално знаење за работа со компјутер и интернет.
  • Како податоците за производите се поставуваат и ажурираат на сајтот? +

    Податоците за производите/сервисите или услугите (име, цена, количина, карактеристики, опис, опции за производ, количински и акциски попусти) се поставуваат на сајтот преку едноставена администраторска страна/формулар каде се поставуваат сите податоци за производот и категорија каде припаѓа. Администраторскиот дел се наоѓа во посебен дел на интернет продавницата наменет за продавачите/трговците. Внес на производ може да прави секој со минимално искуство од office апликации и интернет. Доколку внесот на податоци ја прави нашиот тим, таа услуга дополнително се наплаќа.
  • Улога на модулот корисник? +

    Модулот ’корисник’ овозможува регистрирање на кориници и олеснување при вршење на нарачка, односно не е потребно да се внесуваат постојано податоците кои се потребни за да се изврши нарачката, а воедно и Вие имате база со регистрирани корисници кои можете во иднина да ја искористите за newsletter и други маркетинг цели.
  • Колкава е цената на испораката и рокот на испорака? +

    Цената на испораката ја дефинирате вие и може да зависи од неколку фактори: тежината на пакетот, големина на пакетот, поштенските или дистрибутивните трошоци кои ги имате за нормални испораки, или доколку вие така сте определиле, можете да користите опција за подигнување на производите од магацин/продавница или пак да вршите бесплатна испорака за вашите производи. Ако користите поштенска или куриска служба цената зависи од ценовникот на соодветната служба. Цената за најразлични типови на испораки влегува во цената на нарачката и во вкупниот износ на нарачката. Рокот за испорака на поштенските и курирските служби е најразличен и може да се движи од 1 до 7 дена. Ако испорачувате преку ваша интерна служба вие си го дефинирате рокот на испорака.
  • Дали постојат некои дополнителни трошоци кои ги немате прикажано? +

    Не, сите трошоци и цени се наведени на официјалниот ценовник за закуп на интернет продавници.
  • Која ќе биде мојата интернет адреса или име на доменот? +

    Отворањето на интерет продавница подразбира бесплатна адреса од типот http://vasafirma.inshop.mk. Ако сакате можеме да ви регистрираме и ваш домен од типот www.vasafirma.mk или други екстензии. Доколку веќе поседувате домен ќе треба да го пренасочите на својата продавница на начин објаснет во упатство.
  • Што ако купувачот не го превземе пакетот? +

    Поштата или курирот ви го враќа пакетот, доколку е потребно правите поврат(сторно) на вашата сметка и ги сносите трошоците за испорака. Овие трошоци претставуваат ризик секогаш кога се користи опцијата плаќање при испорака. Со претходна телефонска проверка на нарачката го намалувате ризикот да дојде до овој проблем.
  • 1
  • 2

Не го пронајдовте одговорот на Вашето прашање?

Доколку не можете да го најдете одговорот на Вашето прашање, Ве молиме контактирајте не, ќе ни биде задоволство да Ви помогнеме. Нашиот тим Ви стои на располагање 24/7.

Контактирајте не без двоумење. Веднаш!

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • Правни информации
  • Политика за прифатливо користење
  • Хостинг услови за користење
  • Договор за хостинг пакет
  • Договор за Е-продавници
  • Корисни линкови

СТАТИСТИКА СО INSHOP

ЗГОЛЕМЕН ПРОФИТ ЗА :

95%
НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ ЗА :
65%

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

  • Бул.Видое Смилевски Бато 77/3/13, Скопје
  • +389.2.244.660.7 | +389.2.244.660.9
  • +389.71.244.660 | +389.78.244.660
  • contact@inshop.mk
  • contact@processin.mk
  • Каде се наоѓаме?